Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Македонија во ЕУ, но без пазарење за македонскиот идентитет: Мицкоски цврст на ставовите, во Бугарија ликуваат, Филипче на сличен став со Радев

Нема пазарење за нашиот македонски идентитет. Македонија заслужува место на масата во Брисел, порача премиерот Христијан Мицкоски кој додаде дека оваа Влада е подготвена да го изоди маратонот дотаму, но на тој пат мора да се исправат грешките направени од претходната власт, која гланцајќи ги чевлите на европските бирократи, само и донесе уште поголеми проблеми […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема пазарење за нашиот македонски идентитет. Македонија заслужува место на масата во Брисел, порача премиерот Христијан Мицкоски кој додаде дека оваа Влада е подготвена да го изоди маратонот дотаму, но на тој пат мора да се исправат грешките направени од претходната власт, која гланцајќи ги чевлите на европските бирократи, само и донесе уште поголеми проблеми на државата.

-Ни велат дека ова било последно, дека немало да има повеќе вакви, тогаш ајде сите гласно да испратиме порака до тие што ни велат донесете заклучок дека нема повеќе билатерални прашања, дека е константа и факт македонскиот многувековен континуитет, култура, традиција, обичаи, јазик. И дека нема повеќе никој да ја отвора таа тема, изјави Мицкоски.

Лидерот на СДСМ, пак, по кој знае кој пат, со истата порака – Бугари во Устав веднаш, а за се друго ќе мислиме потоа. За Венко Филипче заштитата на националните итнереси и поставување на црвени линии, било популизам и национализам.

Реклама

-Да не потклекнат на овие националистички, популистички говори полни со патриотизам, црвени линии одбрана на браник на идентитет итн., затоа што единствено нешто кон што оваа лажна реторика води е изолација и сиромаштија, овој маратон кој што го најавува премиерот води кон тоа само децата да ги пакуваат куферите, а луѓето да вадат бугарски пасоши, изјави Филипче.

Софија пак ликува за извештајот на ЕП во кој не влезе амандманот на известувачот Томас Вајц кој трбаше да ги тргне историските условувања од пристапниот процес. Бугарскиот премиер со слична порака како македонскиот опозициски лидер – без Бугари во Устав нема за што да разговара со Скопје.

-Нема место за таква средба затоа што проблемот не е двостран. Мицкоски има проблем со Европската Унија Нема место за таква средба затоа што проблемот не е двостран. Мицкоски има проблем со Европската Унија и Република Северна Македонија отсега па натаму ќе мора да ја убеди ЕУ дека дека ги почитува човековите права и дека може да ја гарантира безбедноста на сите дипломатски мисии на нејзина територија, изјави Радев.

За разлика од Македонија, во Бугарија власта и опозицијата како и секогаш до сега се обединети за прашања од национален интерес. И поранешниот премиер Бојко Борисов е презадоволен поради одлуката на Европскиот парламент.

-Благодарение на мнозинството што нашата парламентарна група ѝ го обезбеди на тогашната владејачка партија, Народното собрание ја усвои декларацијата, во која јасно беа наведени параметрите што подоцна станаа основа за договорениот компромис меѓу Брисел и Македонија. Драго ми е што мнозинството членови на Европскиот парламент категорично изјавија дека договорите мора да се почитуваат, а обидите за нивно заобиколување со процедурални трикови ќе бидат спречени, напиша Борисов.

Амандманот на Извештајот, кој не помина, беше обид да се исправи грешката направена од власта на СДСМ и ДУИ која без консензус и против народната влоја го прифати францускиот предлог со што тој стана дел од преговарачката рамка, а историјата и идентитетот предмет на преговори на патот кон ЕУ.

Матеја Петровски