Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Македонија и Франција ја интензивираат соработката во културата

Заштита, конзервација, реставрација и вреднување на клултурното богатство преку примена на најсовремени стандарди, модерно управување на музеите, дигитализација на архивскиот материјал, обука на професионалци од областа на културата, како и многу поголема мобилност на уметниците и луѓето од креативните индустрии преку учества на фествали, средби и проекти во музичката и театарската уметност, кинематографијата и визулени […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заштита, конзервација, реставрација и вреднување на клултурното богатство преку примена на најсовремени стандарди, модерно управување на музеите, дигитализација на архивскиот материјал, обука на професионалци од областа на културата, како и многу поголема мобилност на уметниците и луѓето од креативните индустрии преку учества на фествали, средби и проекти во музичката и театарската уметност, кинематографијата и визулени уметности, предвидува Меморандумот за соработка во областа на културата и туризмот што денеска го потпишаа Министерството за култура и туризам и Амбасадата на Француската Република во Скопје.  

Со Меморандумот, како што рече министерот Зоран Љутков, соработката на Македонија и Франција во областа на културата и туризмот се крева на уште повисоко и пооперативно ниво. Тој најави формирање на заеднички работни групи кои ќе почнат со имплементација на планираните активности.

-Овој Меморандум за мене е посебно значаен зашто отвора можности за заеднички проекти, посебно во делот на стручните обуки. Предвидува и експертска француска поддршка, примена на најсовермени стандради за заштита на културното наследство, развој на креативните индустрии, туризмот,… Особено радува фактот што ќе добиеме поддршка за конзервација и реставрација на македонското културно богатство, современо управување на музеите, дигитализација на архивскиот материјал и професионално усовршување на кадрите. Заедно ќе настапуваме и во меѓународната соработка, програмите и фондовите, истакна Љутков по потпишувањето.

Реклама

Според  францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, ова е нова етапа во зајакнувањето на односите во културата меѓу двете држави.  

-Конзервацијата на стари ракописи, византиски фрески и икони на дрво е веќе почанта. Предвидуваме обуки за голем број македонски професионалци кои ќе стекнат француско знаење и експертиза, а се охрабрува и мобилноста меѓу уметниците, креаторите и професионалците, зашто ќе имаат можност да престојуваат во Франција, да учествуваат на фестивали, средби и да бидат дел од разни проекти во музиката, театарот, визулените уметности, кинематографијата,… Се предвидува и промоција на културниот туризам, истакна амбасадорот.

За крајот на септември  Ле Риголер го најави проектот „Европски дијалози“ во кој ќе бидат вклучени, рече, претставници од регионот и Франција, професори и интелектуалци, а ќе се разговара за европската иднина на регионот и идентитетските прашања. Наесен, дополни, ќе има и фестивал на улични уметности, театарски групи од Франција ќе организираат спектакли во Скопје, Битола и Тетово, за јакнење на културните врски во Македонија.