Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Македонците од Албанија со честитка за Денот на независноста на татковината: Македонија е нашиот завет

Македонската партија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и македонските друштва во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската партија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и македонските друштва во Албанија, упатија честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста, до сите Македонци, во татковината и каде и да живеат низ светот, порачувајќи дека Македонија е нашиот завет.

-На 8 септември 1991 година, македонскиот народ со своето убедливо „ЗА“ на референдумот го потврди вековниот стремеж за слободна, независна и суверена македонска држава. Тоа беше остварување на сон за кој генерации Македонци се бореле, страдале и ги положиле своите животи. Во тој историски пат се и Македонците од Албанија, стои во честитката на МАЕИ.

Се додава дека од Илинденското востание, преку Народноослободителната борба, па сè до референдумот за независност во 1991 година, Македонците од Албанија биле и остануваат нераскинлив дел од македонскиот народ и од борбата за македонска слобода и државност.

Реклама

-На 8 Септември 1991 година, и Македонците од Албанија, преку петиција испратена до македонскиот државен врв, го поддржаа референдумот и создавањето на независна македонска држава. Денеска, 35 години подоцна, Македонија и Македонците надвор од нејзините граници се соочуваат со нови предизвици. Македонците во Албанија денес се соочуваат со сериозни обиди за асимилација и негирање на нивниот македонски идентитет од страна на Бугарија. Затоа, повеќе од кога било, потребна е силна, принципиелна и долгорочна државна стратегија за заштита и поддршка на Македонците надвор од границите на Македонија, се наведува  во честитката.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана честитајќи го овој голем и значаен историски ден, додава дека во создавањето, зачувувањето и афирмирањето на македонската национална свест и стремежот кон слободна и независна Македонија, свој придонес дале и Македонците од Албанија.

-Со негувањето на македонскиот јазик, култура, традиција и националниот идентитет, Македонците од Албанија со гордост се дел од македонската историја и одбележувањето на овој голем празник. Нека е вечен споменот на сите оние кои придонесоа за слободна и независна Македонија. Да го чуваме, почитуваме и славиме овој голем ден со гордост, достоинство и љубов. Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, стои во честитката на друштвото. 

Денот на независноста го честитаа и друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ порачувајќи „Да го чуваме она што ни го оставија нашите предци и да им го пренесеме на генерациите што доаѓаат. Вечна да е слободна, независна и достоинствена Македонија“.