Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Маглата ја „парализираше“ државата: Одложени летови од скопскиот Аеродром, лекарите со совети за граѓаните

Одложени летови од скопскиот Аеродром, посебни совети за возачите. Густата магла во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одложени летови од скопскиот Аеродром, посебни совети за возачите. Густата магла во поголемиот дел од Македонија доведе до ниска видливост, а појавата на слана и мраз дополнително го зголемуваат ризикот при возење. Метеоролозите апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат крајно внимателни и да ја прилагодат брзина на возење според условите на патот. Поради густата магла, сите утрински летови од скопскиот аеродром беа откажани.

-Поради маглата која и денеска е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат 1 лет.Со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција на намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија.За патниците и јавноста повторуваме – Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен, сооштија од ТАВ.

Покрај густата магла и загадениот воздух придонесе тешко да се дише денеска во Скопје. Главниот град изутрината се најде на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, а на дваесет и прво место во светот. Во сила се итните мерки против аерозагадувањето министерството за животна средина ги активираше протоколите за заштита на здравјето на граѓаните, со посебен фокус на ранливите категории. Пулмолозите со апел до сите граѓани, ако немаат итна потреба, да не излегуваат надвор.

-Аерозагадувањето овие денови е многу високо, ви давам неколку мерки. Прво лични мерки, да се избегнува престој на отворено кога загадувањето е високо, особено во раните утрински часови и вечерните часови. Ако веќе мора да се излегува да се носи маска Н95 заради смогот и високото аерозагадување. Посебно да не се вежба на отворено за време  кога концентрацијата на ПМ честичките се високи. По престој надвор  да се измие лицето и рацете, да се користи што повеќе вода, течности и витамини, изјави Зафировски.

Реклама

Според Зафировски треба да се внимава и на исхраната, односно да се конзумираат што е можно повеќе витамини.

-Во периодот кога загадувањето е поголемо да се користат ако може и прочистувачи на воздух со хепафилтер, исто така да не се пуши во затворен простор, посебно кога има деца таму, да не се користат цврсти горива како јаглен кога има надвор исто така загадување. Она што е важно во однос на исхраната е да се земаат што повеќе витамини, овошје, зеленчук, кои што секако позитивно влијаат на нашето здравје. Особено лицата со срцеви и белодробни заболувања да ги следат советите на лекар, изјави Зафировски.

Загадувањето во главниот град е децениски проблем, особено во зимскиот период и во времетраењето на грејната сезона. Маглата ќе го покрива Скопје до среда. Управата за хидрометеоролошки работи веќе од четврток најавува дож и снег на повисоките места.

Матеја Петровски