Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

МАЕИ бара извинување од албанската амбасадорка во Софија оти ги нарече „Северномакедонци“

Единствената политичка партија на македонската заедница во Албанија, Македонска алијанса за европска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Единствената политичка партија на македонската заедница во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, изразува длабока загриженост и остро реагира против етикетирањето на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“ од страна на амбасадорката на Албанија во Софија, Инид Мило.

Партијата бара јавно извинување од амбасадорката, а нивната реакција ја испратиле и до министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани. Во него е објаснето дека во интервју за бугарската медиумска куќа „NOVA.BG“, амбасадорката Мило за македонското малцинство користи терминологија која „не само што е неприфатлива, туку и навредлива за идентитетот и интегритетот на оваа автохтона заедница“.

Партијата на македонската заедница потсетува и дека ова не е изолиран случај. Минатата година, при објавувањето на резултатите од пописот, и Албанскиот институт за статистика го користеше терминот „Северномакедонци“ за македонското малцинство, предизвикувајќи силни реакции кај македонската заедница таму.