Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

М-НАВ АД Скопје денеска преку соопштение повтори дека Струковиот синдикат на контролори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

М-НАВ АД Скопје денеска преку соопштение повтори дека Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, евентуалното организирање на штрајк како заштита на права од работен однос, може да го остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е. 

Во врска со штрајкот што требаше да се одржи на 20 месецов во периодот од 10 до 15 часот, но Граѓанскиот суд донесе мерка за времена забрана,  завчера прес-конференција одржа правниот застапник  на М-НАВ адвокатот Горан  Николоски, по што прес-конференција имаше и претседателот на ССКЛ Александар Тасевски. 

М-НАВ денеска во реакција на завчерашната изјава Тасевски наведува дека „јавно му се заблагодарува за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит и дека е свесен дека постапува надвор од закон“. 

Реклама

– На тој прес г-динот Александар Тасевски изјави дека: – Барањата за заштита на работнички права од работен однос, како причина за организирање на штрајк се доставени уште во 2023 година и директорите да ги побараат преку архивата на М-НАВ Воедно запрашан од страна на новинарите дали ако повторно одат на штрајк во следното известување ќе бидат наведени барањата за заштита од работен однос и ќе биде спроведена постапката за помирување, г-динот Александар Тасевски изјави дека дека не може да ги наведат барањата за заштита на праава од работен однос, од причина што во тој случај ќе треба да почне нова постапка за помирување.Во врска со изнесените наводи на Александар Тасевски јавно му се заблагодаруваме за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит и дека  Александар Тасевски е свесен дека постапува надвор од закон, се вели во соопштението од М-НАВ. 

 Александар Тасевски, стои во соопштението, јавно призна дека свесно спроведува незаконски атак врз М-НАВ АД Скопје, односно дека свесно ја загрозува и внесува несигурност во секторот авиосообраќај и свесно го руши угледот на М-НАВ АД Скопје и на државата во целост.

– Со ваквите признанија уште еднаш се потврдува дека станува збор за лично политикантство и желба за самопромоција на Александар Тасевски. Исто така наводите на Александар Тасевски дека во законот се предвидува дека кој било синдикат вертикално, дали е тоа синдикат на работодавачи, синдикат на гранка или сојузот на синдикати има право да организира штрајк, се однесуваат исклучиво на Независниот синдикат за сообраќај и врски, а не и на Подружницата ССКЛ со оглед дека Подружницата не е синдикат, нема правен субјективитет и евентуалното организирање на Штрајк како заштита на права од работен однос може да ги остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е, соопшти М-НАВ.

ССКЛМ најави дека ќе ја обжали одлуката на Граѓанскиот суд за времена мерка за забрана на штрајкот, како и дека ќе побара предметот повторно да биде вратен на рочиште за да ја изложат својата одбрана.  ССКЛ бара почитување на Спогодбата потпишана по најавата за штрајк во 2023 година. Клучни барања на ССКЛ се ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, вработување на стручни, а не, како што тврдат, партиски кадри на конкурсите за кои бараа поништување, како и подобри услови за работа.