Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

М-НАВ: Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година – соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ АД Скопје, адвокатот Горан Николоски. Според него, со правосилната пресуда судовите ги […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година – соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ АД Скопје, адвокатот Горан Николоски.

Според него, со правосилната пресуда судовите ги прифатиле трите клучни аргументи на М-НАВ дека најавениот штрајк не произлегува од заштита на право од работен однос, дека е закажан спротивно на законската постапка, без задолжително посредување, и дека ССКЛ нема правен легитимитет да организира штрајк како подружница на Независниот синдикат за сообраќај и врски.

– Со ваквата пресуда се отвора прашањето дали и претходно организираните штрајкови од страна на ССКЛ биле законски. Одговорот е јасен, судот утврди дека и тие биле спроведени надвор од законските прописи – зјави Николоски.

Реклама

Тој додаде дека во согласност со статутарните акти на синдикатот ССКЛ не претставува синдикат во смисла на Законот за работните односи и не може самостојно да презема дејства. 

Според него, пресудата отвора прашања и за сите други активности што ССКЛ ги презел надвор од рамките на матичниот синдикат

– Во ситуација кога дејствата се преземени без правен легитимитет, се доведува во прашање и нивната правна важност – нагласи Николоски.

Сепак, со оглед на правосилната пресуда, секоја идна акција би морала да биде усогласена со Законот за работните односи, постапката за посредување валиден синдикален легитимитет. 

По судската забрана на штрајкот најавен за 20 октомври 2025 година, од М-НАВ оценија дека одлуката на Основниот граѓански суд е законски основана и донесена врз основа на утврдени неправилности во постапката за најавување штрајк.

Штрајкот требаше да се реализира со ограничување на летовите, па дури и со делумно затворање на воздушниот простор во определени термини, но Основниот граѓански суд Скопје донесе привремена мерка со која го забрани како незаконски.