Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Денес го претставуваме еден од најзначајните проекти во интерес на секојдневниот живот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес го претставуваме еден од најзначајните проекти во интерес на секојдневниот живот на граѓаните на Карпош. Програмата за реконструкција на фасади и модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради на територијата на нашата општина.

Знаеме дека голем број згради особено постарите со години се соочуваат со исти проблеми: дотраени фасади, нефункционални лифтови и недоволна заштита на влезовите, се вели во изјавата на Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош.

Овие состојби не се само естетски недостаток, тие се прашање на безбедност на достоинство и на еднаква пристапност на сите жители.

Реклама

Постарите лица, лицата со намалена подвижност, мајките со количките сите тие секојдневно зависат од исправноста на лифтовите.

Со овој проект воведуваме и субвенции за целосна реконструкција на фасадите со што ќе постигнеме поголема енергетска ефикасност, пониски сметки за греење и ладење и поубава урбана слика за Карпош.

Истовремено ќе обезбедиме замена на сите клучни безбедносни компоненти на постоечките лифтови, од сајли сопирачки до ултразвучни механизми и системи за итни случаеви.

Работите ќе бидат изведувани по современи стандарди и со задолжителни проверки за лифтовите, да бидат сигурни, доверливи и трајни.

Дополнително во сите влезови ќе бидат поставени шифрарници за поголема контрола и безбедност на станарите, за спречување и злоупотреба од трети лица.

Оваа иницијатива не е само техничка интервенција, ова е инвестиција во едно човечко достоинство, во комфор и во секојдневна сигурност на жителите на Карпош.

Со овој фонд нашата општина ќе покаже дека знае да се грижи, дека умее да реагира и дека има визија, да создаде современа уредна и безбедна заедница за сите жители.

Карпош ќе биде пример како се градат  услови за удобно и пристојно живеење. Ова е чекор напред кон поквалитетно секојдневие, за секој дом, за секој влез, за секој жител!