Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Лукровски и Саракинов и го честитаа стотиот роденден на баба Славка

Љубовта кон најблиските, слогата и заедништвото се тајната за мојот долговечен и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љубовта кон најблиските, слогата и заедништвото се тајната за мојот долговечен и спокоен живот – вели една од највозрасните жителки на Карпош, Слава Коцевска, која денеска го одбележува својот голем јубилеј. По тој повод градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов ја посетија баба Славка, која денеска го слави својот 100-ти роденден. Баба Славка чии очи сè уште зрачат со жар и топлина, им ја раскажа својата животна сторија на своите гости. Родум од Штип во далечната 1925 година, таа го поминува најголемиот дел од својот живот во преубавиот Карпош.

-Нашата стогодишна хероина напоменува дека ја добива најголемата поддршка од своето многубројно семејство. Имено, баба Славка е мајка на три деца (има два сина и една ќерка), но како што вели, најмногу се гордее со тоа што е баба, прабаба и чукунбаба. Во нејзиниот топол дом исполнет со раскошно цвеќе доминираат живописните гоблени кои самата ги изработила. Низ разговор, баба Славка открива дека токму денеска и се исполнила нејзината голема желба – да му подари преубаво цвеќе на градоначалникот Лукровски, кое ќе ја разубави просторијата во неговиот работен кабинет, информираат од Општина Карпош.

Во оваа пригода, првиот човек на Општината, Сотир Лукровски и претседателот на Советот, Христо Саракинов, изразија искрени честитки за едновековниот животен јубилеј кој го празнува баба Славка. Оттука, тие и посакаа добро здравје и уште многу весели насмевки на нејзиното ведро лице, кое навидум ја крие сета мудрост и добрина на светот.