Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Луѓето остануваат без работа, за Ангеловска тоа било очекувано

Богатите нема да ја почувствуваат кризата, а сиромашните ќе го платат цехот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Богатите нема да ја почувствуваат кризата, а сиромашните ќе го платат цехот во име на сите.  Голем број граѓани во овој период кога се бориме со пандемијата остануваат без своите работни места. За власта тоа било очекувано.

Дали е нормално да очекуваме затворање на одредени работни места – да. Дали преземаме сѐ за да биде минимизиран тој ефект, апсолутно – да! Тоа се прави со сет на мерки за да биде побрза онаа фаза на опоравување штом ќе дојде моментот за тоа“, изјави на денешната прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска

Најголем дел од граѓаните соочени со беспарица, решија да ги одложат кредитите и покрај тоа што високите суми од насобрани камати ќе треба да ги плаќаат од септември. На овој начин, банките профитираат  нудејќи решенија каде страдаат најсиромашните, децидни се упатените.

Реклама

Владата требаше да донесе уредба и да им нареди на банките да не пресметуваат камати за време на кризата – вели за Алфа економискиот експерт Бранимир Јовановиќ

Според соопштението на Банкарска асоцијација, 70% од граѓаните кои не можеа да си дозволат да плаќаат рати за кредит за време на пандемија, се согласија на таканаречената помош од банките да плаќаат од септември. Со оваа мерка банките ќе профитираат и тоа до вртоглава сума на пари.

Една груба пресметка кажува дека банките профитираа повеќе од 100 милиони евра, затоа што наплатуваат камати, а може да се откажат од тоа – додава Јовановиќ.

Иако за сега последиците од кризата со корона вирусот ги почувствуваа само граѓаните, вистинскиот удар за економијата се очекува дури на есен.

Адријана Алексиеска