Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Локалитетот „Манчевци“ под закана од уништување, почнува спасувањето на вредните охридски мозаици

Со преземање итни мерки, надлежните ќе го спасуваат археолошкиот локалитет „Манчевци“, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со преземање итни мерки, надлежните ќе го спасуваат археолошкиот локалитет „Манчевци“, кој по обилните врнежи претрпе сериозни оштетувања. Потребна е итна санација и стабилизација на теренот, како и изградба на потпорен ѕид, со цел да се спречат нови одрони и да се заштитат околните објекти. Од охридскиот Завод и музеј Охрид презедоа првични активности, но лошите временски услови досега не дозволуваа посериозни интервенции на овој музеј на отворено со прекрасни мозаици.

„Се обрушија дел од потпорните ѕидови кон соседните објекти, тоа беше една итна ситуација каде моравме да интервенираме. Обезбедени се средства и за таму, прво треба да се изработи проект со кој ќе се обезбеди едно премостување на двата дела од локалитетот и со тоа ќе обезбедиме обединување на двата дела и интегрална презентација на мозаиците, а истовремено ќе ги заштитиме и околните објекти од натамошно оштетување“, вели Горан Патчев.

Локалитетот, кој крие ранохристијанска базилика од четвртиот и петтиот век со вредни мозаични површини, се наоѓа во непосредна близина на Света Софија и Антички театар Охрид, во густо населен дел од стариот град. Министерството за култура обезбеди средства за заштита и доистражувања.

Реклама

„Археолошкиот локалитет Манчевци, кој се истражува од 2007 година и каде што е лоцирана ранохристијанската базилика со прекрасни мозаични површини, сега се соочува со сериозни последици од оштетување и поради тоа Министерството издвои средства за археолошки доистражувања, изведба на потпорен ѕид и премостување, со што ќе бидат обезбедени соодветни услови за презентација и промоција на ова културно добро“, вели Зоран Љутков.

Во наредниот период ќе следува конзервација на постојните ѕидови и заштита на мозаиците, со цел овој значаен локалитет да биде сочуван и претворен во уште една препознатлива културно-туристичка атракција на Охрид. Значењето на „Манчевци“ е огромно, особено затоа што станува збор за релативно нов и недоволно афирмиран локалитет во туристичката понуда на градот.

Инаку, при извршените археолошки ископувања констатирана е ранохристијанска базилика, која е една од деветте базилики во Охрид што потекнуваат од 4–5 век од нашата ера. Досега се откриени делови од северниот и централниот кораб, а истражени се околу 200 метри квадратни. Најверојатно локалитетот се протега и под околните куќи.