Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Лишени од слобода жители на Неготино и Марена, едниот возел иако имал забрана, а другиот под дејство на алкохол

Полицијата лишила од слобода жители на Неготино и Марена, доцна синоќа едниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата лишила од слобода жители на Неготино и Марена, доцна синоќа едниот возел иако имал забрана, а другиот под дејство на алкохол, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 22:15 часот на улица „Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода С.Ј.(25) од овој град. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ј., при што било констатирано дека возилото го управувал со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено, соопштија од СВР – Велес.

Како што информираа оттаму, синоќа во 23:50 часот, на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода С.К.(42) од село Марена, кавадаречко. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.К., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител.

Реклама

Од СВР – Велес додадоа дека по целосно документирање на случаите, ќе биле поднесени соодветни пријави.