Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Лишени од слобода осум лица, поднесени кривични пријави против 11 лица поврзани со клубот „Пулс“ во Кочани

Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани, во соработка со Одделот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, денеска преземаа активности на неколку локации низ државата, при што лишени од слобода се осум лица. ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривични пријави против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс“, од кои осум се денеска лишени, а тројца се претходно обезбедени и за нив се веќе одредени мерки.

Како што соопшти МВР, двајца даночни контролори Д.П. и Д.Д. од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, се пријавени дека ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во  клубот. Тие се пријавени за – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице М.Ј. – син на реалниот сопственик на „Пулс“ е пријавен за – Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик.

Шестмина пријавени, Д.Ч., А.Ч., А.К., А.Ч., Н.Т. и А.К., даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти „ММММ кафе“ и „Пулс“ да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле – Злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик.

Реклама

Сопственикот на „Пулс“ Д.Ј. е пријавен за Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот.

Осомничена е и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат В.К. која исто така е опфатена со претходната постапка и за која сега се обезбедени дополнителни докази и за кривично дело Оддавање службена тајна од член 360 од Кривичниот законик поради откривање информации за ненајавени контроли.