Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Лимани: Не е важно дали ќе останеме министри, има посериозни прашања

Во услови кога се соочуваме со сериозни случаи на насилство, не треба да биде во фокус дали некој ќе остане министер, туку како институциите ќе придонесат за нивно спречување – изјави министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата. Тој нагласи […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во услови кога се соочуваме со сериозни случаи на насилство, не треба да биде во фокус дали некој ќе остане министер, туку како институциите ќе придонесат за нивно спречување – изјави министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата.

Тој нагласи дека сегашните општествени состојби бараат целосна посветеност од сите носители на јавни функции.

– Дали сме министри или не сме, до последниот атом треба да бидеме посветени за да ги спречиме ваквите случаи, а не да се занимаваме со тоа кој ќе биде министер – рече Лимани.

Реклама

Министерот потенцира дека најважно е какви резултати оставаат институциите и нивните носители во борбата против насилството додавајќи дека е потребно заедничко дејствување.