Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Лицемерие на СДСМ: Венко Филипче најмалку има право да бара референдум за било какво прашање

Ја игнрорираат и газат врз волјата на граѓаните, а сега им текна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја игнрорираат и газат врз волјата на граѓаните, а сега им текна да ги прашуваат што мислат они. Венко Филипче и СДСМ имаат најмалку право да бараат или зборуваат за референдум за било кое прашање, а најмалку за теми кои се однесуваат на надворешната политика и идентитетските прашања. Крајно лицемерие е партијата која го потпиша преспанскиот договор, договорот за добрососедство и го прифати францускиот предлог без да консултира било кого, а најмалку граѓамните сега да зборува за народно изјаснување. Не само што не консултираше, туку целосно го изигнориа референдумот што под притисок мораше да го осрганизира за промена на името.

-Ние имавме еден референдум, чии резултати СДСМ и тогашниот лидер Зоран Заев, а со тоа и неговите наследници, Ковачевски и сега Филипче покажаа каков однос имаат кон најголемиот степен на демократијата во една држава, што всушност е референдумот. Тие ја погазија волјата на граѓаните Македонија, организирајќи криминална престава практично во Собранието, вели за Алфа поранешниот новинар и пратеник, Сафет Бишевац.

Бишевац смета дека ова покажува несериозност од партијата на Филипче, бидејќи јасен е ставот на граѓаните – повеќето од нив, односно цели 70 проценти од сеуште сакаат членство во ЕУ.  

Реклама

Со ова барање, според него, СДСМ сака да ја скрие својата безидејност да понуди нешто на луѓето. Дополнителна несриозност кај оваа партија покажува што вакво барање, имаат во време на сериозна глобална економска криза, кога сите држави гледаат финансиите да ги искористат за она што е најпотребно и неопходно.

-Недостаток на релевантност, стратегија партиска за да може како претходник на опозицијата да биде дел од она што се случува во државата. Барањето за референдум за членство во Унијата не е ништо друго, туку обид да се затскрие сопстветана неспособност, да се понудат подобри идеи, решенија за државата, изјави Бишевац.

Историјатот на СДСМ во однос на непочитување на волјата на граѓаните има подлабока историја. Уште од референдумот за независност кога од страв на народот му сервираа двосмислено прашање, преку територијатаната поделба, кога го урбнаа со тезата „некои прашања не заслужуваат одговор“, па се до неодамнешниот за промената на името. Веројатно поради сето ова, владата вчера експресно ја одби иницијатовата велејќи дека ваков референдум би бил само залудно трошење на пари.

Матеја Петровски