Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Летна Света Петка, заштитничка на селото, ја одбележаа Македонците во село Леска, Општина Пустец

Селската слава  „Св. Великомаченица Петка Римјанка“ или летна Света Петка, која се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Селската слава  „Св. Великомаченица Петка Римјанка“ или летна Света Петка, која се смета за заштитничка на селото, достоинствено беше одбележана  во селото Леска, општина Пустец, Мала Преспа.

-Во чест на овој голем празник, одбележувањата почнаа од синоќа во селската црква „Свети Василиј“ каде беше отслужена Вечерна богослужба а на самиот празник, денеска, Утрена со Света божествена литургија. Послужен беше ручек а имаше и македонска музика и оро, велат од црковниот одбор.

Додаваат, дека, освен постојаните жители, за оваа селска слава,  тука, по традиција, се и поранешни жители и нивните потомци, кои се потсетиле на времето кога во селото имало многу народ.

Реклама

-За оваа селска слава, тука сме сите, постојаните жители, поранешни жители и нивните потомци, кои сега живеат во други делови на Албанија, во Македонија, во Грција. Независно каде сме, не ја забораваме нашата родна Леска и денешната селска слава, чие празнување го паметам од дете, вели жител на Леска, кој летниот одмор со семејството, со кое живее во Грција, го минува тука.

Додава дека во божјиот храм запалиле свеќи и се помолиле „сите Македонци каде и да се да ги дарува со здравје и благосостојба“ и посакале традицијата да продолжи.

Леска е едно од деветте села на општина Пустец, некогаш со над 350 жители, но бројот на постојаните жители денеска е многу помал.