Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Лефков: Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази, ги амнестираше осомничените блиски до СДСМ и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра

Почитувани, семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази, ги амнестираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази, ги амнестираше осомничените блиски до СДСМ и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра.

Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДСМ и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка.

Коларевиќ е со семејни врски со кадри избирани од СДСM, на пример, нејзиниот татко бил избран за државен правобранител во 1998 година, а нејзината мајка за уставен судија во 2004 година, додека пак Абази е со познати релации со ДУИ и Али Ахмети, со кој е растен во Зајас и се комшии. Оваа коалиција на Коларевиќ и Абази од обвинителството, ја спаси коалицијата на СДСM и ДУИ во политиката.

Реклама

Еден од најсериозните и најголеми енергетски скандали во историјата на Македонија, не заврши во судница, туку заврши уште во обвинителство.

Дали има финансиски мотиви со кои Коларевиќ и Абази молчат и дали заради тоа ја запреа постапката? Зошто СДСM не го осуди овој случај и не го повика Васко Ковачевски да се врати во Македонија? Зошто Советот на јавни обвинители молчи и не истражи дали е постапено според сите процедури во овој најголем финансиски случај во енергетиката?

Правда мора да има. Обвинителството не смее да биде засолниште за кадрите на СДСM и ДУИ.