Реклама
Македонија

Лефков: Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува

Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Филипче и СДСM се ставија директно на тацна на Бугарија и на Румен Радев и одработуваат во интерес на други држави, затоа што се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Филипче и СДСM се ставија директно на тацна на Бугарија и на Румен Радев и одработуваат во интерес на други држави, затоа што се уценети.

Филипче и СДСM одат против македонскиот народ кој бара пристапување на Македонија во ЕУ, со достоинство, интегритет и идентитет.

Филипче и СДСM секогаш го ставале приватниот интерес пред државниот. Така беше и кога беа на власт изминатите 7 години, а доказ за тоа се нивните полни џебови и распродадените државни и национални интереси. Мекото ткиво во Македонија предводено од Филипче и СДСM, носи само штета на државата.

Реклама

Затоа, граѓаните даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за да можеме исправено да ја претставуваме нашата историја, култура, јазик и идентитет пред оние кои тоа ни го негираат, а соработуваат токму со Филипче и СДСM.