Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти    

СДСM и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога е во прашање развој на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога е во прашање развој на индустријата поврзана со дата центри. Индустрија која е иднина, индустрија која се развива во светот, но Филипче од само нему познати причини се противи.  

Во оваа прилика да му објасниме и на Филипче и на неговиот другар Зоран Заев кој се уште очигледно му дава насоки за работа.

Македонија веќе има дата цента во Прилеп.  Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци. Затоа на Македонија и треба основен, примарен, национален дата систем за чување на сите податоци од сите институции.  

Реклама

Македонија како држава има проект во делот на реформската агенда со ЕУ за изградба на национален дата центар. Притоа ЕУ обезбедува финансии и финансиска помош, а Македонија има обврска да изгради основен, примарен национален дата центар.

Ова е начин да се заштитат податоците на државните институции од евентуални сајбер напади, односно податоците да бидат сигурни.

Ова е тоа за што СДСM се противи, а само да потсетиме во време на нивната влада имаше напад на системот на ФЗО и граѓаните не можеа да ги остварат своите права, не можеше да се исплаќа породилно, да се прави поврат на средства за лекови и слично.

Оттука евидентно е дека СДСM се противи на развој на индустрија која значи заштита на лични податоци на секој поединец, заштита на државни податоци.