Реклама
Македонија

Лефков: Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија

Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Додека низ кулоарите во Европската Унија се разговара за пристап на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, вклучувајќи и Македонија како лидер во реформите и Планот за раст, Филипче и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Додека низ кулоарите во Европската Унија се разговара за пристап на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, вклучувајќи и Македонија како лидер во реформите и Планот за раст, Филипче и Радев бараат уставни измени за внесување на Бугари во Уставот.

Без никакви гаранции, без никаква заштита на националните интереси и без предвидливост на евроинтегративниот пат на Македонија кон ЕУ, Филипче и СДСМ со својот најлош рејтинг во историјата се борат за да направат ново предавство.

Реклама

Филипче и СДСМ доколку се на власт, ќе потпишат дека Македонија е од 1945 година, а пред тоа сме биле Бугари.

Затоа Филипче и СДСМ се во опозиција, затоа што за власт, моќ, тендери и амнестија на криминалите, цела држава ќе ја продадат!