Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Лефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паника

СДСM на Венко Филипче продолжува со серијата со наслов  – ширење паника…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM на Венко Филипче продолжува со серијата со наслов  – ширење паника и хистерија меѓу граѓаните. Притоа видливо е непознавањето на основните работи кога станува збор за дата центрите или центри за податоци, или пак можеби само се грижи за личните интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Миле Лефков.

Филипче и СДСM треба да знаат дека едно се  инвестиции од поединци како онаа во Пехчево, а друго е кога државата преговара за отворање на вакви дата центри.

И премиерот Христијан Мицкоски во јавноста прецизно објасни како би се одвивала процедурата кога станува збор за државата. Јасно кажа дека кога државата ќе преземе институционален чекор за изградба на таков објект, јавно ќе биде се презентирано. Официјалните информации се и дека се преговара со пет или шест потенцијални инвеститори. Се разбира, притоа никако нема да се посегне по она што подразбира животна околина и животен стандард на граѓаните, а за што Филипче вели дека е загрижен.

Реклама

Дали можеби целата грижа кај Филипче е поради лични причини. Дали грижата се појави во момент кога Филипче виде дека нема да може валкано  со низа манипулации да се занимаат со ова луѓе блиски до него и до другар му Зоран Заев, како што тоа го правеа кога стануваше збор за марихуаната.

Видовме дека Филипче во периодот кога се шеташе со Заев по Егејот имаше проблеми од сонцето и топлината па беше дезориентиран. И сега како да е ист, само се вклучува кога неговиот и бизнисот на Заев не поминуваат.