Растурена криминална група која фалсификува евра, долари, франци, рубљи, израелски шекели, хрватски куни, албански леки, шведски круни –Обвинителството излезе со детали за акцијата „Вардар“ која се спроведе во координација со српските институции за кривичен прогон и Европол. Пронајдени и одземени се 1 милион евра лажни пари, но и вистински пари, оружје, предмети, опрема, машини за печатење на пари, најразличен вид на материјали кои служат за изработка на лажните банкноти, хартија и хемикалии. Сузбиената организирана криминална група делувала на териториите на повеќе држави.
„Обвинителствто оза гонење на организиран криминал во координација со полициски службеници се постапи по 23 издадени наредби од страна на Основен кривичен суд, по кој се постапуваше, и се вршеше претрес на 18 локации. По извршените претреси се пронајдоа и одземаа предмети и попрема, и пари кои служат за вршење на кривично дело фалсификување на пари. Како резултат на преземените дејствија, беа пронајдени и одземени некаде околу 1 милион евра лажни пари, но и вистински пари, опрема за фалсификување на пари, машини, делови од машини, најразличен вид на материјали кои служат за изработка на лажните банкноти, хартија и хемикалии“, изјави јавниот обвинител Дејан Петрески.
Криминалците во стан во Скопје, на специјални машини изработувале лажни пари кои подоцна ги пуштале во оптек во платниот промет на Македонија, Србија, а голем дел од нив завршувале и во платниот промет на Австрија, Германија, Романија, Словенија, Хрватска и Косово.

Во рамки на акцијата лишени од слобода беа 10 лица. МВР пак денеска поднесе кривични пријави против шест македонски и двајца српски државјани. При извршените претреси, покрај лажните пари и машините за печатење, биле пронајдени и калапи, жигови и валјаци со кои се изработувале фалсификуваните пари, три пиштоли, една пушка, куршуми…
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал денеска ќе поднесе кривична пријава против шест македонски и двајца српски државјани, во врска со вчерашнатамеѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, во која е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, која делувала на териториите на повеќе држави, велат од МВР.
Инаку групата функционирала од крајот на 2023 година кога првоосомничениот заедно со останатите инволвирани почнале да печатат лажни пари кои ги пуштале во оптек.
