Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

„Лајка“: Проблемот со бездомните кучиња не почнува на улица, туку најчесто со неодговорно сопствеништво, напуштање и неконтролирано размножување

Во изминатите три дена Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје го реализира „Лајка фест – повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните за една тема што со години е присутна во нашето општество – проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите три дена Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје го реализира „Лајка фест – повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните за една тема што со години е присутна во нашето општество – проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија. Фестивалот почна со панел-дискусија во Собранието на Град Скопје, каде што претставници од Факултетот за ветеринарна медицина, Агенцијата за храна и ветеринарство, ЗЕЛС, невладини организации, прифатилишта од државата, како и гости и експерти од Загреб, Сараево и Шпанија, разговараа за реалната состојба со која се соочуваме, предизвиците во пракса и можните решенија базирани на европски искуства и модели – соопштија денеска од јавното претпријатие.

– Во текот на неколкучасовната дискусија се отворија важни теми поврзани со одговорноста на институциите, потребата од координирано дејствување, улогата на локалната самоуправа, важноста на стерилизацијата и одговорното сопствеништво, како и неопходноста од едукација и подигнување на јавната свест. Посебен акцент беше ставен и на фактот дека проблемот со бездомните кучиња не почнува на улица, туку најчесто со неодговорно сопствеништво, напуштање и неконтролирано размножување – пишува во соопштението.

Како продолжение на оваа порака, како што се додава, наредните два дена Градскиот парк станал место за дружење, едукација, удомување и позитивна интеракција помеѓу граѓаните и животните.

Реклама

– Преку забавно-едукативниот дел од „Лајка фест“ темата беше доближена до јавноста на поинаков, позитивен и интерактивен начин. Во рамките на фестивалот учествуваа повеќе од 50 пријавени учесници во натпреварите и активностите, голем број посетители, повеќе од 20 спонзори и партнери, како и претставници на невладини организации, кои ја поддржаа иницијативата. Посетителите имаа можност да ги запознаат кучињата од ЈП „Лајка“, да разговараат со вработените, ветеринарите и дресерите, да учествуваат во едукативни и интерактивни содржини за деца и возрасни, како и да бидат дел од изложбите, игрите и активностите посветени на удомените миленици и одговорното сопствеништво – се додава во соопштението.

Се истакнува дека особено значајно било присуството на голем број семејства, деца и сопственици на миленици, што уште еднаш покажало дека сè поголем број граѓани сакаат активно да бидат дел од создавање похумано и поодговорно општество.

Од јавното претпријатие посочуваат дека „Лајка фест“ не бил само настан за љубители на животни, туку обид да се покаже дека преку соработка, едукација, заедништво и современ пристап може да се отвори поинаков разговор за проблемот со бездомните кучиња – „разговор во кој решението не се бара во насилство и поделби, туку во одговорност, систем и долгорочна промена“.

„Лајка“ упатува благодарност до сите институции, организации, експерти, спонзори, волонтери, посетители и граѓани, кои биле дел од „Лајка фест“ и помогнале овие три дена да испратат порака дека промените се можни кога постои заедничка волја за подобро и похумано општество.