Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

КЗК го преиспитува новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ за возила на Меѓународниот аеродром Скопје

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) врши анализа на новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје, со кој бесплатниот престој до 10 минути е ограничен на еден влез со исто возило во период од 24 часа, информираат од КЗК.

Анализата, како што велат, има за цел да утврди дали воспоставениот режим, имајќи ги предвид условите под кои работат различните такси-превозници и постоењето на посебно овластен аеродромски такси-оператор, може да влијае врз условите на конкуренција и пристапот до аеродромската инфраструктура.

-Комисијата ќе ги испита оправданоста и пропорционалноста на воспоставените услови, нивното фактичко влијание врз такси-превозниците и дали постојат еднакви и недискриминаторски услови за пристап за сите учесници на пазарот. Комисијата во оваа фаза не прејудицира постоење на повреда на правилата на конкуренцијата. По прибирањето и анализата на сите релевантни информации, Комисијата ќе донесе соодветен заклучок за понатамошното постапување, прецизираат од КЗК.

Реклама

Оттаму нагласуваат дека Комисијата останува посветена на обезбедување еднакви услови за конкуренција и спречување на секое однесување што може да доведе до ограничување или нарушување на конкуренцијата на пазарот.