Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Кузеска неподготвена да наброи лажни вести на ТВ Алфа

Алфа ТВ во битка против лажните вести.. Откако СДСМ јавно ја обвинија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Алфа ТВ во битка против лажните вести.. Откако СДСМ јавно ја обвинија телевизијата дека шири лажни вести и делува антидржавно, сега вели пу пу не важи. Не сме делувале противдржавно. Ама еве ја вистината. Што кажа Кузеска денеска. Не беше подготвена да одговори.

Антидржавни се значи воопшто не е кажано, од прес конференциите кои се посветени токму на оваа тема единствено е кажано дека се работи за антидржавни интереси на државата, а тоа се членството во НАТО како очекување на датум за преговори со европската унија…за лажните вести може да ви направиме анализа …за 5 минути после прес конференцијата.

А што кажа пред 6 дена:

Реклама

Медиумите на Мицковски имаат задача да го поткопуваат Договорот со Грција и со текстовите негативно да влијаат на членството во НАТО.

Што значи мисијата на медиумите и сомнителните унгарски пари е антидржавна и ги загорзува европските аспирации на државата….. очигледно им помагаат надворешни анти- државни фактори, коишто со корумпирање на медиумите, ја загрозуваат демократијата и европската иднина на државата.

Како што вети Кузеска така и направија. Брзо по прес-конференцијата СДСМ испрати маил со т.н. пет лажни вести што наводно ги објавила Алфа.

Првите три не се вести туку емисии, едната со прашален наратив, во која Алфа ги прашува граѓаните а тие коментираат. Другите две имаат и продолженија во кои буквално се објаснети сите страни на приказните.

Претпоследната се однесува на вест која е лажна ама само според СДСМ – оти Алфа најодговорно тврди дека ги има сите докази и изјави кои беа и објавени.

По објавувањето на истата притисокот врз Алфа прво беше од МВР но откако им ги дадовме сите аргументи – се повлекоа. Последната не е лажна вест.

Се работи за лапсус лингва кога наместо Бујар Османи беше кажано името на Кочо Анѓушев. За што и се извинивме.

Во маилот сакајќи да ја оправда неаргументираноста, СДСМ додава дека нема намера да рецензира вести туку само мерела колку сме го почитувале новинарскиот кодекс.

Ја потсетуваме партијата се уште на власт, дека за тоа постојат новинарски здруженија и тела, а нејзина работа е не да ја рецензира Алфа, туку да се себерецензира што од ветеното исполнила а што не за граѓаните.

Мери Ѓорѓиевска