Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Кусо памтење на премиерот – Заев не се сеќава точно кога го пријавил случајот Рекет

Заев не знаел точно датум на кој го пријавил случајот Рекет, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев не знаел точно датум на кој го пријавил случајот Рекет, а не знае ни дали добил белешка и во колку часот го пријавил случајот, вели морал да си повери во агендата и ќе даде информации.

Ќе ми дозволите да видам во агендата точно кој беше датумит, во колку часот, каде е тоа пријавено и еве јас ќе го соопштам детално иако тоа треба да го каже јавното обвинителство за организиран криминал, но ќе ги дадам точните детали, истакна премиерот Зоран Заев.

Додека медиумите притискаат за одговор на ова прашање, и опозицијата неколку дена по ред бара Заев да каже точни информации за пријавувањето на случајот.

Реклама

„Поминаа три дена откако јавно побарав од Зоран Заев да одговори дали го пријавил случајот Рекет како што долго време гради приказна ПР тимот околу него. Ако го пријавил мора да има писмена белешка, па го повикувам да ја покаже. Имено упатувам на Законот за кривична постапка член 274 став 3 кој вели дека доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка. Исто така упатувам на Законот за јавно обвинителство член 39 во кој јасно стои дека ЈО прима пријави, претставки и други поднесоци и изјави од граѓани.“ пишува Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат сторителите на Рекет да бидат изведени пред судот на правдата, но не само тие туку и оние кои се инспиратори, сценаристи и организатори.

На крајот на јули годинава самиот Заев на новинарско прашање истакна дека токму тој го пријавил случајот Рекет во обвинителството.

Мери Ѓорѓиевска