Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Куманово објави повик за избор на „Сувенир на градот“

Општина Куманово денеска го објави повикот за избор на сувенир на градот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово денеска го објави повикот за избор на сувенир на градот, информираа денеска надлежните од од секторот за локален економски развој. Заинтересираните правни и физички лица, можат да аплицираат за изработка на сувенир. Понудените изработки треба да исполнуваат повеќе одлики и со автентичните трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.

Како што наведуваат од секторот за економски развој, општината на овој начин поддржува идеи и автентични трудови.

Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде адаптиран за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот. Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот, да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали, керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други.

Реклама

Самата идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот, техничките услови за изработка и материјалот од кој е изработен треба да бидат текстуално образложени. Како што наведуваат од надлежниот сектор, наградата „Сувенир на општина Куманово“ е една и изнесува 150.000 денари со вклучен данок на додадена вредност.

-Првиот дел во износ од 30.000,00 денари ќе биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд. Вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 120.000,00 денари- наведуваат од општината.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 30 септември (среда) 2026 година до 15:00 часот. Изработениот сувенир заедно со текстуално образложение на идејната концепција, опис на материјалот од кој е изработен сувенирот и проценета вредност за еден примерок од трудот во денари со вклучен данок на додадена вредност, треба да се достави во затворен плик (кутија) на адреса: Општина Куманово, 11 Октомври бб.

За „Сувенир на општина Куманово“, општина Куманово формираше Комисија која ќе одлучува врз основа на горенаведените критериуми и резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 15 дена од завршувањето на постапката.