Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

КСОМ укажува на проблеми со кои се соочуваат вработени во ЈСП, бара средба со раководството на претпријатието

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) во чиј состав е и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) во чиј состав е и синдикатот СПАИС во кој членуваат вработени од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) апелира до Град Скопје и до раководството на претпријатието да седнат заедно со синдикатот и да ги надминат проблемите со кои се соочуваат вработените. 

Според синдикатот, вработените во ЈСП особено возачите реагираат на распоредите за работа за верски празници, а проблеми со кои се соочуваат вработените се и неисплатата на плати за време на празник и прекувремена работа. 

– Целта е да се избегнат ситуации во кои работниците би биле принудени да ангажираат адвокати за да ги остварат своите права, имајќи предвид дека веќе постојат бројни тужби против ЈСП. Во изминатиот период, јавноста беше информирана за судските постапки, а, нивниот број можно е да се зголеми поради игнорирање на барањата од страна на раководството, истакнаа од синдикатот на денешната прес-конференција пред просториите на Трудовиот инспекторат. 

Реклама

Од Инспекторатот, како што посочија, ќе побараат вонреден инспекциски надзор со цел да се утврдат состојбите во претпријатието.

– Доколку плаќањето на верските празници е согласно закон, не би постоел проблем, меѓутоа според сознанијата, постојат бројни предмети пред судовите, а дел од нив веќе имаат пресуди, кои укажуваат дека празниците не се евидентираат и не се исплаќаат согласно Законот за работни односи. Според достапните информации, повеќе адвокати работат на стотици предмети поврзани со правата на вработените во ЈСП. Дел од нив се однесуваат и на дискриминација, бидејќи значителен број вработени од муслиманска вероисповед сметаат дека се ставени во нерамноправна положба, велат од синдикатот.

Оттаму апелираат  да се надминат овие состојби без судски постапки, преку дијалог и почитување на законските одредби. Во спротивно, предупредуваат дека ќе следуваат нови тужби.