Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Кризниот штаб најави засилени контроли и координација по серијата пожари во Делчевско

– На координативен состанок на Кризниот штаб – Делечво беа разгледани состојбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– На координативен состанок на Кризниот штаб – Делечво беа разгледани состојбата со пожарите, ангажираноста на институциите и мерките кои треба да се преземат за превенција и навремена реакција во наредниот период.

Градоначалникот на Делчево и претседател на Кризниот штаб, Иван Гоцевски, изрази благодарност до сите институции, пожарникари, полицајци, доброволци и граѓани кои учествувале во справувањето со пожарите.

Тој посочи дека по локализирањето на пожарите се појавиле нови жаришта на повеќе места, што, како што рече, дополнително ги оптоварува институциите и човечките ресурси на теренот.

Реклама

– Реално, самите институции колку да се подготвени, не можат физички и институционално да издржат доколку истовремено има пожари на повеќе места, истакна Гоцевски.

На состанокот беше констатирано дека Делчево има потреба од дополнителна противпожарна опрема, особено поради фактот што во последните интервенции помош била обезбедувана и од други единици кои располагаат со специфична опрема.

Гоцевски најави активности за обезбедување дополнителна опрема за Територијалната противпожарна единица и за Доброволното противпожарно друштво. Во таа насока, Општината веќе разговара со надлежни институции и потенцијални донатори.

На состанокот беше истакната и потребата од засилување на превентивните активности и контролата на критичните точки.

Општина Делчево најави поставување дополнителен видео надзор на влезовите и излезите од градот, на депонијата, како и на други локации кои ќе бидат утврдени како критични.

Паралелно ќе бидат засилени контролите од страна на комуналните редари, а ќе се формираат и пунктови на повеќе локации во општината, со цел да се контролира движењето и да се спречи непрописно и ризично движење во критичните подрачја.

Од страна на МВР беше информирано дека се преземаат активности за расветлување на пожарите и утврдување на евентуалните причинители.

Полицијата работи на собирање информации за лицата кои се наоѓале во близина на местата каде што избувнале пожарите, а од граѓаните беше побарано сите сознанија кои можат да помогнат во истрагата да ги споделат со надлежните служби.

Беше посочено дека за еден од пожарите веќе има одредени сознанија, додека за останатите истрагата продолжува.

Претставникот на МВР истакна дека при евентуални нови пожари приоритет на полициските службеници ќе биде безбедноста на населението, евакуацијата на загрозените лица и добитокот, како и регулирањето на сообраќајот и контролата на пристапот до пожарот.

Во активното гасење на пожарите полицијата ќе се вклучува во зависност од ситуацијата и откако ќе биде обезбедена безбедноста на населението и воспоставена контрола на теренот.

На состанокот беше оценето дека големиот број граѓани кои сакаат да помогнат при пожарите мора да бидат соодветно организирани и опремени.

Беше посочено дека неконтролираното пристигнување на голем број луѓе и возила на местото на пожарот може дополнително да ја отежне интервенцијата и да создаде ризик за самите граѓани и за службите.

Во идниот период се планира засилено присуство на терен на припадници на полицијата, шумската полиција, Македонски шуми, противпожарната единица и останатите надлежни служби.

Ќе се прават распореди за покривање на различни критични подрачја, особено во периодите кога се очекува зголемен ризик од пожари и за време на претстојните јавни настани.

Гоцевски побара секоја институција да ги усогласи своите распореди и да ги преземе конкретните задачи во рамки на своите надлежности, со цел да се обезбеди поголема покриеност на теренот.

На состанокот беше нагласена и потребата од подобра координација при евентуално повторно активирање на пожарите, вклучително и навремено барање помош од соседните општини и доброволните противпожарни друштва. Како важен сегмент беше издвоено и навременото информирање на јавноста, како и правилното упатување на граѓаните кои сакаат да помогнат.

Од Кризниот штаб апелираат граѓаните да не се упатуваат самостојно кон пожарите, туку секое забележано жариште веднаш да го пријават на бројот 112.

На состанокот беше оценето дека искуствата од последните пожари треба да се преточат во конкретни превентивни мерки и подобра координација меѓу институциите.

Според изнесените податоци, пожарите досега зафатиле околу 200 хектари, главно природна шума. Како позитивно беше оценето тоа што нема загрозени човечки животи, оштетени куќи или добиток.

Институциите најавија дека во наредниот период ќе продолжат со засилено присуство и превентивни активности на терен, со цел да се намали ризикот од нови пожари и да се обезбеди побрза реакција доколку дојде до нивна појава.