Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, и двајца општински вработени

Уште една кривична пријава заработи поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште една кривична пријава заработи поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, и двајца вработени во општината поради сомнение за несовесно работење во службата, поврзано со издавање одобрение за градење.

Според пријавата, 69-годишниот Мерко во периодот додека бил градоначалник на Општина Струга, со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево. Кривично се пријавени и А.Б. (40) од Струга и Н.Р. (57) од струшкото село Поум, кои во општината биле ангажирани како советник во Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животната средина, односно како помошник раководител на истиот сектор. Според МВР, двајцата претходно незаконски го изготвиле одобрението врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект, по што одобрението било издадено спротивно на Законот за градење.