Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом – Куманово

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против поранешен директор на Здравствен дом –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против поранешен директор на Здравствен дом – Куманово поради сомневање за злоупотреба на службената положба, соопшти денеска МВР. Како што наведува полицијата, во период од четири години, без одобрение од ресорното министерството, склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во здравствената установа. Според МВР, од 2020 до 2024 година ангажирал 68 лица со договор на дело и им исплаќал плати во вредност од 353.573 евра.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф. А. (43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето – информира полицијата.

Пријавениот, во периодот од 2020 до 2024 година, откога бил поставен како вршител на должност директор, а потоа именуван за директор на Јавната здравствена установа Здравствен дом – Куманово, склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата, без претходно да добие одобрение од Министерството за здравство и без да обезбеди согласност за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии. На тој начин тој постапил спротивно од одредбите од Законот за работните односи и Законот за трансформација во редовен работен однос.

Реклама

– Притоа во истиот временски период ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.744.788 денари или 353.573 евра на штета на буџетот на Здравствен дом – Куманово – соопшти МВР.