Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците.  -Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците. 
 
-Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста- информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид. 
 
Додаде дека А.Љ. на 29. минатиот месец во  23 часот, на улицата „ Зеќир Чанка“ во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и избегал, а потоа физички нападнал полициски службеници. 
 
Откако е лишен од слобода, утврдено е дека немал положено возачки испит и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,75 промили алкохол во крвта.