Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Кривичен суд ќе одлучува по жалбата на ЈО – куќниот притвор за напаѓачот на Арсовска да го преиначи во затворски

Кривичниот суд чека одговор од одбраната за да одлучува по жалбата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот суд чека одговор од одбраната за да одлучува по жалбата на Јавното обвинителство да му се определи куќен притвор за напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска, со барање да се преиначи во затворски.

Рокот е 24 часа за одговор на жалба, по што судиите треба да оценат дали е оправдано барањето на обвинителството, кое смета дека постои опасност осомничениот да го повтори делото или да се даде во бегство.

Претходно, од судот пак во одлуката образложија дека мерката е куќен притвор поради тоа што се работи за скратена постапка.

Реклама

За инцидентот во Чаир, осомничено е уште едно лице, на кое му беа одредени мерки за претпазливост. Арсовска е под 24-часовно полициско обезбедување.

Инцидентот со Арсовска во Чаир се случи кога таа заедно со вработени од градската администрација била во увид на објект кој нелегално се гради. Од Град Скопје преку соопштение известија дека и покрај увидот и поднесената пријава, продолжиле градежните активности.