Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев, по комплетирање предметот ќе биде доставен на одлучување

Жалбата на 30-дневниот притвор за поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев во петокот е доставена до обвинителството и јавниот обвинител кое сè уште нема дадено мислење, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје. -По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучивање – посочуваат од Кривичен.  […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жалбата на 30-дневниот притвор за поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев во петокот е доставена до обвинителството и јавниот обвинител кое сè уште нема дадено мислење, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

-По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучивање – посочуваат од Кривичен. 

Богоев во средата попладне беше спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје, каде што беше изведен пред судија на претходна постапка по барањето од ОЈО ГОКК за определување мерка притвор за него и за уште три лица поради постоење основано сомнение за злоупотреба на постапката за јавна набавка за примање и давање поткуп.

Реклама

По нивното произнесување пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје во присуство на бранител, судот донесе решенија со кои: предлогот за определување мерки притвор против С. Б., Д. Г., А. С. и С. М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката, како што информираа од Кривичен, е определена поради постоење на основите од член 165 став 1 т. 1 и т. 2 од ЗКП. 

Обвинителството, претходно соопшти дека на осомничените им се ставаат на товар кривичните дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда за противзаконито влијание.

-Постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да стекне противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари – соопштија од ЈОРСМ. 

Според обезбедените докази, првоосомничениот, користејќи ги својата службена положба и влијание како директор на Царинската управа влијаел врз спроведувањето на тендерската постапка во корист на избраниот понудувач, а второосомничениот, во својство на помошник-директор, влијаел врз други економски оператори да не учествуваат во завршната фаза од постапката.

Во рамките на истрагата Обвинителството информира дека обезбедени се докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание, при што првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба и реално влијание.