Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Крис Павловски отвори „Рамбл Клауд“ во Скопје – претставништво на неговата „Рамбл“

Бизнисменот со македонско потекло – Крис Павловски, кој важи за близок човек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнисменот со македонско потекло – Крис Павловски, кој важи за близок човек на американскиот претседател Доналд Трамп, отвори претставништво на неговата светски позната компанија „Рамбл“ во Скопје.

Според информациите во Централен регистар, управители на фирмата регистрирана во центарот на градот се Крис Павловски и Брандон Александроф. Името на компанијата е „Рамбл Клауд“. Инаку, видео-платформата „Рамбл“ постои од 2013 година, но популарност доби во последниве години, рекламирајќи се како виртуелен простор имун на цензура. На тема Павловски и неговото реноме во новата американска гарнитура, доволно говорат неговите чести средби, но и неформални дружби со семејството Трамп како и Елон Маск. Павловски доби и покана од Белата куќа да ја отвори прес-конференцијата на која тој обелодени дека „Рамбл“ бил жртва на цензура од повеќе странски влади.

Во повеќе наврати премиерот Мицкоски го спомнува канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, а чести се и заедничките фотографии кои сведочат на соработката на македонската власт со новата американска администрација.