Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

🎥 Криминал, пироманија или политика – што стои зад огнената стихија?

Најголем дел од пожарите кои беснеат низ Македонија не се елементарна непогода…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најголем дел од пожарите кои беснеат низ Македонија не се елементарна непогода туку добро осмислено сценарио, за дури 90% од нив постојат сериозни сомнежи дека се подметнати.

Досега се уапсени повеќе пиромани, дел од нив поврзани со опозициските СДСМ и ДУИ. Последниот случај е со поранешниот возач на екс – премиерот Зоран Заев, кој беше фатен на дело како со распламтен факел се обидува да започне голем пожар.

Според добар дел од универзитетските професори потпалувачите имаат различни мотиви – од економски криминал што подразбира поволна препродажба на опожарено дрво, преку пиромански побуди, до политички причини. Целта е да се прикаже наводна неефикасност, слаб инситуционален ангажан и власт која  не може да се справи со огнените стихии.

Реклама

“Да се предизвика страв, несигурност кај граѓаните, а тоа само по себе носи дека еве државата е неефикасна во справување со пожарите,дури и помошта која што доаѓа од страна која што се нуди итн.,Тоа е се во еден контекст на претстојните локални избори на најмизерен начин да се соберат политички поени.Во вакви случаи за ова да се превенира со изрекување кривични санкции а да се постигне целта, е да се оди на повисоката граница на казна” вели д-р Стефан Буџакоски,универзитетски професор

Експертите апелираат да се изрекуваат максимални казни бидејќи во трка за општествено богатење и извлекување на личен бенефит, заборавиме на највредното-природата и животната средина.

Од МВР информираат дека од почетокот на април заклучно со денешнот ден приведени се вкупно 28 лица,а поднесени се 21 кривичнa пријавa.Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор.

“Во врска на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите” вели Гоце Андреевски-портпартол на МВР

Откако е воведена забрана за движење во шуми,без писмено одобрение биле затекнати 19 лица кои ќе одговараат по закон за шуми. Двонеделна битка се води за спас на планината Готен беровско, потоа на неколку места во близина на Македонски брод, а во општината Желино и прилепските села гори веќе 10 дена по ред. Седум пати по ред пожарникарите гасеа оган и во природниот резерват Езерани во близина на Преспанското Езеро.