Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Бизнис

Криминал „Лотарија“: Договори за набавка на техничка опрема, без каква било спецификација, со цени извадени од ракав

Тип 1 телевизор без ДДВ 44 280 денари, тип 11 92 250…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тип 1 телевизор без ДДВ 44 280 денари, тип 11 92 250 денари – вака се опишани купените половни телевизори од Ритрон копи на страницата на бирото за јавни набавки. Перпарим Бајрами и Артан Ајрули, склучиле 6 договори за набавка на телевизори и компјутерска опрема, меѓутоа подетална техничка спецификација во самите договори кои се јавно достапни не може да се забележи. На пример , стои дека се договориле за  Десктоп графичка станица  од 200 000 денари, за 40 десктоп компјутери по  цена од  30 000 денари за компјутер, 40 монитори, но не пишува конкретно каква споецификација имаат апаратите што е невообичаено и отвора уште поголеми сомнежи како се правеле договорите за тоа што треба да се купи и и зошто баш по тие цени.

Само за илустрација, во еден маркет за бела техника може да се купи 4к самрт телевизор од 65 инчи за цена од 44 илјади денари. Најнискиот договор  кој го склучила лотарија со Ритрон копи е од 34 илјади евра, а највисокиот  речиси 120 илјади.. Вкупната вредност на договорите меѓу Ритрон Копи и Лотарија е 402 261 евра

Дека штетите на државниот буџет се огромни кажа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој најави дека истрагите за криминалот во Државна лотарија ќе продолжат

Реклама

Разврската почна вчера откако финансиската полиција го уапси Артан Ајрули, сопственикот на Ритрон Копи. Според информациите во периодот од 2022 до 2024 се исплаќале лажни фактури подготвени од газдата на „Ритрон Копи“, Артан Ајрули. Бајрами си зел за право со народни пари да плаќа телевизори, принтери, комјутерска и комуникациска опрема, која,  ниту – соодвестувала, со она што го пишувало во договорите, а ниту пак ја доставиле.  Се договарале   услови за набавки на  телевозири, кои единствено „Ритрон Копи“ – ќе може да ги исполни