Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Полицијата ќе ги контролира боледувањата во Македонија. Секаде каде што ќе има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата ќе ги контролира боледувањата во Македонија. Секаде каде што ќе има сомнеж дека некој го злоупотребува отсуството од работа, полициски службеници ќе можат да затропаат на врата – најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. МВР ќе постапува таму каде што постојат сомневања дека боледувањето е лажно или дека некој го користи за измама.Под лупа ќе бидат случаите во кои некој е пријавен како болен, а во исто време работи, или го користи боледувањето за нешто што нема врска со неговата намена.

Сите знаеме дека во изминативе години, не две, пет, десет, од самата независност на државата, имаме катастрофални злоупотреби од одредени чинители во рамки на овој дел од државниот апарат, од огромен број граѓани и од огромен број неработници, како во рамки на државните институции, така во рамки на приватните институции. Како што ние денеска сме тука на работа и работиме, како што вашиот колега ги држи микрофоните, а не е на боледување, а е способен да ги држи, како што вие сте способни да поставувате прашања, а јас да одговорам, така секој еден во рамки на она коешто е способен да го сработи треба да го сработи чесно, совесно и одговорно, а не да оди на боледување кога ќе му текнерече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во контролите се вклучени и службеници од Фондот за здравствено озигурување, и тие ќе проверуваат дали се водите по препораките од лекарот. Доколку не ве најдат на домашна адреса, ќе го извести вашиот работодавач, но и ќе мора да се јавите на лекарска комисија да образложите каде сте биле. Со измените на правилникот за боледување целта е да бидат намалени злоупотребите, како на пример шетање во странство додека имате решение за привремена спреченост од работа. Фондот за спроведување на контролниот механизам ке соработува и со УЈП. Министерот Клековски вели дека редно време е да се стави крај на долгогодишните злоупотреби.

Реклама

“Kонтролорите на Фондот имаат право да вршат контроли на боледувања вклучувајќи каде се наоѓа пациентот. Искуството од Словенија е дека контролата за режимот на престојување, на движење е уредено со закон. Словенија нема граници каде може да врши гранична контрола, бидејќи е во Шенген зоната. Таму е базирано на пријава до Фондот за здравствено осигурување на Словенија дека лицето кое е на боледување е на одмор во Италија или работи на лозја некаде. Се друго се уредува со правилник на Фондот за здравствено осигурување, бидејќи е дел од тоа уредување” вели министерот Сашо Клековски.

Дополнителни измени за боледувањата ќе има и во времетрањето, ако досега од матичен боледувањето можеше да биде до 7 дена, со новиот правилник е скратено на 5 дена а исто така е олеснета и постапката за утврдување на боледување кога лицето поради здравствената состојба не може физички да присуствува.

Од Фондот велат дека за годинава се предвидени над 6 милијарди денари за боледувања и породилно отуство и токму поради висината на сумата мора да го зајакнат системот на контрола.