Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Крај на распаднатите студентски домови: од октомври студентите во реновирани соби по европски стандарди

Нема веќе бркање на глодари и инсекти, прокиснати тавани, субстандардни услови –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема веќе бркање на глодари и инсекти, прокиснати тавани, субстандардни услови –  за две години Македонија ќе има комплетно обновени студентски домови со европски стандарди.

Привршува реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“, кој се очекува повторно да ги отвори вратите од 1 октомври, а треба да започне и реновирањето на останатите седум.

Реконструкцијата ги опфаќа собите и санитарните јазли, електричната и водоводната мрежа, како и фасадата и системот за греење, со цел да се обезбедат подобри и поквалитетни услови за престој.

Реклама

„Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Пелагонија, „Сениќ“ и кујната во „Гоце“ почнуваат со реновирање во исто време, во зависност од големината на домот реконструкциите и енергетската ефикасност ќе траат година ипол до две. За две години ние ќе имаме комплетно нови студентски домови со европски стандарди“, изјави Весна Јаневска, Министер за образование и наука.

Покрај редовното доделување на 3000 стипендии, оваа година за првпат право на стипендија ќе имаат и студенти со ретки болести, како и студенти со посебни образовни потреби.

„Првпат оваа година воведуваме стипендии за стденти со посебни образовни потреби и за студенти со ретки болести. Тоа е новина, тоа досега го немало“.

Лошите услови за живеење беа причина домот да биде затворен во 2024 година, по што беше направен план за темелна реконструкција на деветте државни студентски домови. За проектот се обезбедени околу 50 милиони евра, од кои повеќе од 10 милиони евра се грантови, со поддршка од Европската Унија, Германската развојна банка и Фондот за инвестиции на Западен Балкан.