Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ковачки: „Заедно за иднина – Приклучи се!”: ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување

Заедно за иднина – Приклучи се! Со оваа порака ВМРО-ДПМНЕ од 1…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедно за иднина – Приклучи се! Со оваа порака ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и за отворање на партијата за нови членови.

Во следниве три месеци, до 30 ноември, сакаме да направиме уште еден голем чекор во развојот на ВМРО-ДПМНЕ, да изградиме посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, подготвена за иднината. ВМРО-ДПМНЕ има повеќедецениска историја, силна организација и огромно членство. Нашата сила се луѓето.

Луѓето кои со децении се дел од ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето кои верувале кога било тешко, кои работеле, се бореле и придонесувале. Но и новите генерации кои денес имаат знаење, идеи, енергија и желба да бидат дел од создавањето на иднината на Македонија.

Реклама

Затоа нашата порака е едноставна: Обнови го членството. Биди активен и биди дел од иднината. Од 1 септември до 30 ноември секој постоечки член, ќе може да ги потврди или ажурира своите податоци. 

Истовремено, ги отвораме вратите на ВМРО-ДПМНЕ за секој граѓанин кој ја прифаќа нашата програма и сака да ни се приклучи. Без препорака. Без некој да мора да ве воведе.

Ако имаш идеја – има место за тебе. Ако имаш знаење – има место за тебе. Ако имаш енергија и сакаш да придонесеш – има место за тебе. Твоето место е со нас.

ВМРО-ДПМНЕ е отворено за нови знаења, нови вештини и нова енергија. Сакаме да го зачуваме тоа што сме го изградиле и сакаме да го надградиме.

И затоа правиме уште еден важен исчекор. За првпат во Македонија, една политичка партија воведува целосно дигитален процес на зачленување и ажурирање на членството.

Нашата партиска ИТ комисија изработи веб-апликација која веќе е ставена во функција во општинските комитети, а мобилната верзија е доставена до Google и до Apple и после нејзиното одобрување ќе биде достапна и на мобилните телефони, за што доплонително ќе ја известиме јавноста.

Тоа значи пријавата, верификацијата, прифаќањето на Статутот и потврдата за членството ќе можат да се завршат дигитално, од телефон, за само неколку минути. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ кое се менува со времето, кое ги користи новите технологии и кое гради модерна организација за новите генерации. Но никого не оставаме зад себе.

Дигитализацијата е дополнителна можност, а не замена за досегашниот начин. Секој што сака лично да го ажурира своето членство или да се зачлени ќе може тоа да го направи во општинските комитети.

Од 1 септември до 30 ноември, секој ден од 17:00 до 20:00 часот, нашите општински комитети ќе бидат отворени за членовите и за сите граѓани кои сакаат да ни се приклучат. Личните податоци, како и досега, ќе се обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци.

Почитувани. Во ВМРО-ДПМНЕ ги поврзуваме искуството и традицијата со новата енергија. Ги обединуваме луѓето кои со децении се дел од ВМРО-ДПМНЕ со оние кои денес за првпат сакаат активно да придонесат. Затоа ги повикувам нашите членови: ажурирајте го своето членство.

А до сите оние кои досега не биле дел од ВМРО-ДПМНЕ, а веруваат дека можат да придонесат за посилна и поуспешна Македонија, нашата порака е: Твоето место е со нас. Заедно сме посилни. Заедно одиме напред. Заедно за иднина – Приклучи се! За ВМРО-ДПМНЕ. За Македонија.