Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Ковачки: Во првата година од мандатот економијата заздравува, а ветувањата се реализираат

Наследивме една тешка социоекономска состојба во државата којашто беше резултат на катастрофалното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наследивме една тешка социоекономска состојба во државата којашто беше резултат на катастрофалното владеење на СДСМ и на ДУИ. За среќа, резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека уште во првата година од мандатот, економијата заздравува а ветувањата се оставруваат, вели Драган Ковачки.

-Во првата година од мандатот го реализиравме предизборното ветување за 5.000 денари зголемување на пензиите на сите пензионери. Понатму, ветивме дека ќе го завршиме проектот со клиничката болница во Штип, нешто што е многу значајно за овој крај, за овие граѓани во селото Ратево, во селото Миташинци, воопшто за општината Берово каде што сме денеска во посета. Она што е многу значајно е тоа дека во наредниот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски ќе се насочи на инфраструктурно градење на овој дел од државата којшто беше заборавен од претходната власт, рече тој.

Ковачки пред граѓаните го претстави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Берово, Петар Ружински.

Реклама

-Заедно да ги слушнеме проблемите на граѓаните, работите со коишто тие се соочуваат и имаат да ни ги предложат за да ги ставиме во нашата програма. Верувам дека Берово во наредниот период ќе има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе биде господинот Петар Ружински за доброто на сите граѓани во Берово, рече Ковачки.