Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Ковачки од Струмица: Мора да се брани македонската вистина, не сме дрво без корен

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува денес во Струмица под мотото ,,Македонија забрзува, наша обврска“, во изјава за една од националните телевизии  посочи дека ВМРО-ДПМНЕ  е мостот помеѓу историското ВМРО и современите македонски институции. Тој кажа дека европската интеграција останува приоритет, но мора да се брани […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува денес во Струмица под мотото ,,Македонија забрзува, наша обврска“, во изјава за една од националните телевизии  посочи дека ВМРО-ДПМНЕ  е мостот помеѓу историското ВМРО и современите македонски институции. Тој кажа дека европската интеграција останува приоритет, но мора да се брани македонската вистина. Ковачки истакна дека ќе се пристапи кон рационално решение, а и дека во последниот период има засилена дипломатска активност, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

,,ВМРО-ДПМНЕ претставува мост помеѓу историското ВМРО и модерната македонска држава. ВМРО-ДПМНЕ претставува спој на историските идеали на македонските револуционери и илинденци и современите македонски институции“, вели Ковачки.

Според него, 36 години постоење на ВМРО-ДПМНЕ не треба да се гледа само низ партиско-историска призма, туку како што вели, ВМРО е најзначаен фактор за македонскиот државотворен континуитет. Тој вели дека денес, на посебен начин ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува на граѓаните на Струмица, затоа што Струмица на последните локални избори беше вратена во рацете на граѓаните. Ковачки истакна и дека евроинтегративниот процес останува приоритет на ВМРО-ДПМНЕ, а посочи и дека во изминатите месеци има засилена дипломатска активност, со оглед на тоа што, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше средби со европски претставници, а и преку ЕПП се презентираат ставовите и се брани македонската вистина.

Реклама

,,Ние  Македонците имаме историска вертикала. Не сме дрво без корен. ВМРО-ДПМНЕ во самите основачки документи, е евроатлантски интегрирана. Ние мора да менаџираме, потребна е мудрост, потребно е достоинство, како ќе се менаџираат состојбите, во делот со евроинтеграциите. Дефинитвно сме определени за евроинтегративниот пат и изминатите два месеци повеќе можете да видете засилена дипломатска активност“, рече тој и додаде:

,,Ги презентираме нашите ставови и ја браниме македонската вистина. Наидуваме на разбирање кај нашите европријатели. Јас верувам дека многу брзо од денес,  ќе се пристапи кон едно рационално решение од страна на Бугарија. Очекувам дека на овој спор треба да се пријде со една добра волја, со бон афиде пристап, за да може Македонија да напредува кон евоинтегративниот пат“.

Ковачки посочи и дека постојат некои структури кои не и сакаат добро на државата и на македонските граѓани, но како што вели тој, граѓаните тоа го препознаваат и не подлегнуваат на манипулациите.

,,Македонските граѓани го препознаваат, не подлегнуваат на овиее манипулации што ги прават. Она што треба да се направи  е да имаме малку почит,малку достонстена почит кон нас Македонците. Ние постоиме на ова подрачје со векови“, кажа Ковачки.

Тој се осврна и на темата за економијата за што кажа дека доволно е само да се според и аргументираат бројките, за што наведе и дека 7 квартали поред Македонија бележи раст од 3%, додека за време на претходната власт Македонија растеше само со 1,1%.

,,Колку повеќе вложува Македонија во инфраструктурата, тие дупло повеќе се враќаат во растот на економијата. Тука би ги споменал 6-те автопатски делнци, на кои што во моментов се работи. До крајот на годината, ќе пуштиме уште една делница од автопатската делница Кичево-Охрид. Во фаза на проектирање се експресниот пат Кочани-Делчево преку Виница, експресниот пат до Страцин. Денес се пушташе реконструираната болница во Струмица, сето тоа се работи, затоа што Македонија има економски напредок“, потенцираше тој.

Ковачки заклучи: ,,Мора да се работи многу повеќе, меѓутоа почнавме од нула. Затоа и мотото на 36 роденден ни е ,,Македонија забрзува“. За многу брзо граѓаните ќе можат да ги почувствуваат тие резултати“.