Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Ковачки: Македонија заслужува лидер како што е Силјановска Давкова, која што се очекува да носи и тешки одлуки во интерес на државата и на граѓаните

Денеска под мотото „Лидерство за промени“ ја одржуваме конвенцијата за избор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска под мотото „Лидерство за промени“ ја одржуваме конвенцијата за избор на идниот претседател, односно претседателка на Република Македонија. Во првиот дел на Конвенцијата, кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова даде свое образложение, ја понуди својата визија, план и програма како планира да ја води државата во иднина“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за вестите на Алфа телевизија.

Ковачки додаде дека сега во моментов се одвива гласањето на делегатите.

„Имаме 453 делегати, вклучително и од дијаспората, значи нашите задгранични комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваме поддршка за кандидатурата. Во попладневните часови исто така очекуваме обраќање на веќе официјалниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и на нашиот претседател Христијан Мицкоски“, рече тој.

Реклама

Тој нагласи дека очекува победа на претседателските избори.

„Апсолутно дека очекуваме победа, дојдено е време за промени. На Македонија треба да и се врати достоинството како во земјата така и надвор од земјата. Македонија заслужува лидер кој што ќе има интегритет, заслужува чесен лидер, заслужува лидер кој што ќе се води од правото и од правдата. Заслужува лидер кој што ќе ги почитува моралните и етичките норми. И лидер кој што ќе биде помеѓу граѓаните, кој што секогаш ќе биде отворен за граѓаните, ќе може да разговара со нив и ќе биде отворен за дебата“, појасни Ковачки.

Тој рече дека Македонија заслужува лидер како што е Гордана Силјановска Давкова, која што се очекува да носи и тешки одлуки во интерес на државата и на граѓаните.