Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Костадиноски: Јегуновце станува општина со модерна патна и комунална инфраструктура

Пред три години ветив дека Општина Јегуновце ќе ја направиме да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред три години ветив дека Општина Јегуновце ќе ја направиме да биде безбедна, чиста и убава атрактивна општина, које ќе биде во служба на своите граѓани. Општина со модерна патна  инфраструктура, со квалитетно образовни и социјални услуги.

Изминативе 3 години работевме напорно и успеавме да реализираме голем дел од зацртаните проекти произлезени од граѓаните и од програмата која ја ветив на локалните избори,  со единствена цел за подобар живот и услови на жителите од општина Јегуновце.

Реализиравме голем број на проекти, би ги наброил:

Реклама

-Регулација на коритото на река Вардар од населено место Туденце до населено место Јегуновце во должина од 8,5 км;

-Поставување на енерго ефикасни смарт светилики на трасата долж регионалниот пат Сиричино-Жилче и Сиричино – Шемшово Јегуновце;

-Асфалтирани се патишта во населените места Сиричино и регионалниот пат  Копанце-Туденце;

-Реконструирани се комплетно локалните патишта во  Јегуновце со поставување  на атмосферска канализација;

-Извршена е  реконструкција комплетна на соблекувалната од фудбалското игралиште во населено место Јегуновце;

-Опремен е нов објект за детска градинка во населеното место Вратница кој се надевам дека во блиска иднина ќе биде ставен во функција и во интерес на граѓаните во тој дел на општина Јегуновце;

-Поплочени  се локални улици  во неколку  населени места на територија на општина Јегуновце;

-Коплетна реконструкција на надворешниот и на внатрешниот дел на ОУ во населените места: Туденце, Раотинце и Старо Село;

-Изградени се детски паркови во населените места Туденце, Сиричино, Подбреѓе, Јажинце, Шемшово и Прељубиште;

-Поставени се детски реквизити во населените места Рогачево, Старо Село, Сиричино и Јанчиште;

-Изграден е кеј во населено место Беловиште и изграден е кеј на реката Вардар во населено место  Туденце;

-Изградено е повеќенаменско спортско игралиште во ОУ во населено место Туденце;

-Изградена е спортска трибина на спортското игралиште кое се наоѓа во населено место Јанчиште;

-Изградена е и осветлена пешачката патека во населено место Раотинце;

-И во завршна фаза е изградбата на фекалната  канализација во населено место  Ратае и  Јанчиште , а додека  кракот во населено место Сиричино е комплетно завршен;

-Отворени се подрачни канцеларии на МВР, Македонски шуми, Министерство за земјоделие и водостопанство, Министерството за дигитализација кое е  отворена  е услуги;

Се надевам дека наредната 2025 година општина Јегуновце и јас лично ќе работиме уште помакотрпно, за да ја направиме општина Јегуновце подобра и поуспешна општина која ја заслужуваат граѓаните во општина Јегуновце.