Реклама

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Македонија

Костадиноски: Јегуновце чекори напред со силен инфраструктурен развој и подобра локална поврзаност

Една година од вториот мандат е вистинска можност не само да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една година од вториот мандат е вистинска можност не само да се осврнеме на сработеното, туку да ја потврдиме определбата за одговорно, транспарентно и посветено работење во интерес на секој граѓанин на општина Јегуновце.

Изминатиот период беше обележан со многу работа на терен, директна комуникација со граѓаните и реализација на бројни проекти кои оставаат трајни вредности за сегашните и идните генерации, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конфернеција на Димитар Костадиноски, градоначалник на Општина Јегуновце.

Уште од првиот ден на мојот втор мандат ветив дека локалната самоуправа ќе биде отворена, достапна и во постојан дијалог со граѓаните. Тоа ветување не остана само збор на хартија. Во текот на годината ги посетив сите населени места, разговарав со граѓаните, ги слушав нивните проблеми, идеи и предлози и заеднички ги претворивме во конкретни проекти и политики. Голем дел од тие иницијативи денес се дел од општинските планови и буџетските програми и веќе се реализираат во пракса. 

Реклама

Верувам дека силата на една општина не се мери само преку бројот на реализирани проекти, туку преку довербата која постои меѓу институциите и граѓаните. Токму затоа граѓанското учество останува еден од главните столбови на моето работење. Општина Јегуновце ќе продолжи да биде пример за локална самоуправа која ги вклучува своите жители во процесите на одлучување и заеднички го трасира патот кон развојот на сите населени места во општина Јегуновце.

Во населеното место Ратае успешно беше завршен и ставен во функција колекторот за фекална канализација, реализиран е проект за изградба на тротоар и поставување на ново улично осветлување долж локалниот пат, а извршено е и асфалтирање на локалниот пат во селото и изграден е летниковец. Овие инвестиции значително ги подобрија условите за живот и безбедноста на жителите.

Во населеното место Жилче, изграден е тротоар и поставено е модерно улично осветлување долж регионалниот пат. Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се реализира асфалтирање на значајна делница од регионалниот пат, со што се подобрува поврзаноста и безбедноста на сообраќајот, доделени бехатон плочки од Програмата за изградба на локални патишта

Во Шемшово, посебен фокус беше ставен на образованието и условите за учениците. Реализирано е оградување на училишниот двор и реконструкција со проширување на капацитетите на централното основно училиште за учениците да учат во едносменска настава, и доделени се бехатон плочки.

Во Сиричино, изграден е нов крак од фекалната канализациона мрежа, а во тек е изградба на современ парк кој ќе претставува ново место за рекреација, дружење и семејни активности., постевени се детски реквизити и  доделени се бехатон плочки

Во населеното место Туденце, изграден е летниковец ,  и се поставени нови детски реквизити, со што се создаваат подобри услови за најмладите жители на општината. додеделни се и бехатон плочки.

Во населеното место Копанце, изработена е потребната проектно-техничка документација како основа за идни инфраструктурни инвестиции и развојни проекти, изграден е летниковец и доделени се бехатон плочки.

Во населено место Ротинце во соработка со Армијата беше реализирано пробивање на локален пат кон Жеден, со што се подобрува пристапноста и локалната патна инфраструктура, поставени се детски реквизити  и поставено осветлување на самиот парк до училишниот двор.

Во населено место Јегуновце, во општинскиот центар беа реализирани значајни капитални инвестиции. Изградена е локална улица со атмосферска канализација, а целосно е реконструирано ООУ „Александар Здравковски“, со проширување на наставните капацитети, поставување на подно греење и современи услови за образовниот процес. Во тек е изградба и на нова локална улица со поставено улично осветлување, и изграден е летниковец во Пештер.

Во населеното место Јанчиште, изградена е нова локална улица, а во тек е реализација на уште една инфраструктурна инвестиција која придонесува за понатамошен развој на населеното место.

Во населено место Прељубиште изработена е проектна документација за изградба на фекална канализација, со што се отвора патот за реализација на еден од најзначајните проекти ва ова населено место.

Во населеното место Вратница, изграден е нов локален пат до манастирот „Св. Константин и Елена“, проект од големо значење за жителите и верските посетители.

Во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади во тек е отворање на дневен центар за стари лица во населено место Вратница.

Во населено место  Беловиште, во тек е изградба на локален пат кон Петачко Водиче, важен инфраструктурен проект со кој дополнително се подобрува локалната поврзаност и изградена е улица со бехатон плочки.

Во населено место Старо Село,  со поддршка и соработка со Армијата извршено е уредување на патниот правец кон Љуботен и Корита.

Во населено место Рогачево, еализирана е изградба на локален пат кој ги подобрува условите за движење и секојдневниот живот на жителите., во тек е изградба на нов локален пат

Во населено место Јажинце, извршено е покривање на каналот, со што се решава долгогодишниот проблем кој е од локално значење. Во тек е и изработка на проектна документација за локален пат во Јажинце.

Во Орашје, изграден е нов локален пат, што претставува значајно вложување во безбедноста на граѓаните. Во тек е поставување на две автобуски постојки, за кој е исто изработен е проект за локален пат.

Други значајни активности кои би сакал да ги додадам се: набавка на противпожарно возило, социјални пакети за лица со потреби и доделување на училишен прибор на секое прваче.

Покрај капиталните инвестиции, континуирано се работеше на одржување и унапредување на јавната инфраструктура. Редовно се сервисираше и одржуваше уличната мрежа во сите населени места, а преку Општинското јавно претпријатие се реализираше косење, чистење и уредување на јавните површини, паркови и улици.

Во духот на поддршката на спортот, младите и локалните заедници, обезбедени беа финансиски средства за организација на турнири во секое населено место во мал фудбал и други општествени активности во повеќе населени места.

Почитувани граѓани,

Зад нас е година исполнета со работа, резултати и исполнети ветувања. Секој асфалтиран пат, секоја реконструирана улица, секој метар канализација и секоја реализирана инвестиција се доказ дека кога постои визија, чесна намера и заедничка цел, напредокот е неизбежен.

Денес, со гордост можеме да кажеме дека Општина Јегуновце се движи напред. Но, нашите амбиции не завршуваат тука. Пред нас се нови проекти, нови инвестиции и нови предизвици кои ќе ги претвориме во нови успеси.

Ви благодарам за довербата, поддршката и заедништвото. Вашата доверба е мојата најголема обврска, а развојот на Јегуновце мојата најголема мисија.

Заедно со Советот , со општинската администрација и вработените од јавното претпријатие ќе продолжиме да градиме патишта, но уште поважно, ќе продолжиме да градиме доверба. Ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктура, уште повеќе во иднината на нашите деца. Ќе продолжиме да создаваме можности, затоа што нашата цел е јасна: силно, модерно, развиено и достоинствено Јегуновце.

Затоа, со истата енергија, со истата одговорност и со истата љубов кон нашата општина, продолжуваме напред. Заедно. За Јегуновце. За иднината.