Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Кошта со порака до македонските граѓани: Вашата земја е кандидат за членство во Европската Унија веќе многу години – време е да се направи чекор напред

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта денеска преку видео порака го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта денеска преку видео порака го честита Денот на Европа на македонските граѓани, наведувајќи дека иднината на земјава е во Европската Унија.

-Почитувани граѓани на Македонија, денеска ви се обраќам како на идни членови на Европската Унија. На Денот на Европа го славиме нашиот заеднички европски потфат – моментот кога земјите основачки избраа единство наместо поделба и соработка наместо конфликт. Одлучија да изградат иднина заснована на мир, слобода и просперитет врз пепелта од Втората светска војна, наведува Кошта во пораката.

Тој изразува уверување дека иднината на земјава е во ЕУ.

Реклама

-Веруваме дека вашата иднина е во Европската Унија. Се вложува огромен труд за таа визија да стане реалност. Вашата земја е кандидат за членство во Европската Унија веќе многу години. Време е да се направи чекор напред. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина. Да живее Европа, наведува Кошта во видео обраќањето до македонските граѓани по повод Денот на Европа.