Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Коронавирусот се приближува,но се уште не ни влегол дома – патникот од Дубаи негативен на тестот

Негативни се резултатите за корона вирусот на патникот од Дубаи кој утрово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Негативни се резултатите за корона вирусот на патникот од Дубаи кој утрово беше хоспитализиран на Инфективна клиника. По шест часа неизвесност, се потврди дека лицето кое беше примено со симптоми на грип, сепак нема корона вирус.

„Вториот случај кој го тестиравме на коронавирус е негативен. Станува збор за патникот кој е дојден од Дубаи по шестдневен престој таму. Станува збор за инфлуенца тип Б“, –  изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Синоќа на Инфективната клиника беше примен и  италијански државјанин кој се пожалил на стомачни проблеми, но и за него тестовите за коронавирус беа негативни.

Реклама

“Сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувствуваат некои од симптомите, да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје“ –  истакна Филипче.

Во меѓувреме, коронавирусот со голема брзина се шири низ Европа, а стигна и на Балканот. Хрватска и Австрија денеска ги потврдија првите случаи на заразени. Од Европа, според досега потврдени случаи има 16 во Германија, 12 во Франција, 13 во Обединетото кралство, тројца во Шпанија и по еден во Белгија, Шведска и Финска.

И додека коронавирусот сее страв  низ светот, Американска компанија тврди дека има вакцина против заразата. Проблемот е во тоа што оваа вакцина ќе биде тестирана врз луѓе дури во април, а би можела да се најде на пазарот во текот на летото.

Ања Василева