Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Корча плус: Општина Пустец заборавена, жителите бараат конкретни инвестиции

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави Корча плус, пренесува весникот „Илинден”. 
 
Дотраените патни делници го отежнуваат секојдневното движење на жителите, но и пристапот на туристите кои доаѓаат да го посетат Националниот парк Преспа. 
 
Во изминатите години биле најавувани бројни проекти и значителни финансиски средства за развој на регионот. Дел од нив биле поддржани и од меѓународни партнери, меѓу кои и Германија, преку проекти поврзани со заштитата на животната средина и одржливиот развој, наведува телевизијата.  
 
Но, жителите на Пустец, за овој медиум, велат дека на терен резултатите се далеку од очекувањата.

Тие бараат од институциите јасни информации за тоа колку средства се инвестирани во Пустец и Преспа, каде се потрошени и какви конкретни резултати произлегле од досега реализираните проекти. 
 
– Пустец се наоѓа во срцето на Преспа, подрачје со значителен потенцијал за развој на природниот и културниот туризам. Сепак, без квалитетна патна инфраструктура и соодветни јавни инвестиции, овој потенцијал тешко може да се претвори во вистински економски развој, оценува Корча плус. 
 
Жителите велат дека повеќе не се доволни само најави, проекти и ветувања и бараат конкретен план, конкретни рокови и конкретни инвестиции. 
 
Бидејќи, како што велат, развојот на Преспа не треба да постои само на хартија, туку да се гледа и на терен — во подобри патишта, подобри услови за живот и повеќе можности за локалното население. 
 
Општина Пустец ја сочинуваат девет села сите распослани на брегот на Преспанско Езеро.