Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за претседателската кандидатура на Гордана Силјановска Давкова

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје ќе одржи конвенција за избор на кандидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје ќе одржи конвенција за избор на кандидат за претседател на државата, за која функција на партискиот повик се пријави професорката Гордана Силјановска Давкова.

 Официјалниот дел на конвенцијата, што ќе се одржи во Филхармонија, е најавен за 13 часот.

– По завршување на работата на работното претседателство согласно предвидениот дневен ред, обраќање ќе има кандидатот за претседател, по што ќе следи двочасовна пауза за гласање.

Реклама

По утврдување на изборот обраќање ќе има повторно веќе избраниот кандидат на конвенцијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред официјалниот дел на Конвенцијата ќе се одржат две панел дискусии: „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“ и „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“.

  Говорници ќе бидат потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и Александар Николовски, пратенците и членови на ИК Миле Лефков, Игор Јанушев,  Драган Ковачки,  Дафина Стојаноска и Антонијо Милошоски.

Силјановска-Давкова, која е актуелен пратеник во Собранието, беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори во 2019 година.

Таа била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Експерт е за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член е на Венецијанската комисија.

Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

СДСМ, пак, утре ќе одржи конгрес на кој треба да се официјализира поддршката за актуелниот претседател Стево Пендаровски кој вчера најави дека ќе се кандидидира за втор мандат.

  И Силјановска – Давкова и Пендаровски поддршка за кандидатурите ќе побараат и со собирање граѓански потписи од утре.