Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Конститутивна седница на Советот на Општина Лозово

Во салата на Општина Лозово денеска се одржа Конститутивната седница на Советот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во салата на Општина Лозово денеска се одржа Конститутивната седница на Советот на Општина Лозово, а  на која беа верификувани мандатите на осуммина од вкупно девет советници од кои тројца се од ВМРО-ДПМНЕ, двајца од СДСМ, еден од Левица, еден независен, еден од Турската партија  и еден од ЗНАМ.

Членот на Советот од ЗНАМ, Горанче Велков не е верификуван за советник затоа што неговата сегашна  функција е директор на ООУ „Методија Митески Брицо“ во Лозово и не дозволува да врши и друга функција како советник. На негово место за советник треба да се верификува вториот од листата на ЗНАМ.

Како што информира градоначалникот Бошко Цветковски, кој освои втор мандат и кој присуствуваше на денешната Верификациона седница, со седницата како најстар советник претседавала Сузана Јовановска Илиева, независен кандидат.

Реклама

-Им го честитав верификувањето на мадатот на советници за наредните 4 години и ги потсетив дека сите ја имаа мојата изборна програма за проекти во општината за нередните 4 години. Затоа им посочив дека треба да се држат кон програмата и да ја поддржат на седница на Советот, со цел  да се реализира таа програма со проекти наменети за жителите, во интерес на подобар развој на Општина Лозово, посочи Цветковски.

Најави дека следната седница на Советот на Општина Лозово се планира за в петок.